Македонија

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет – оддавање почит кон Република Македонија!

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон Република Македонија. Во присуство на бројни претставници на Армијата на Република Македонија, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица, кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.

Потоа нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме.

 

 

 

Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, кое беше проследено од детскиот хор.

Во рамки на посетата дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаика на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните прашања, меѓу кои и: кои ѝ биле омилените книги на нивна возраст?

Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?


Шефицата на македонската држава, во својство на поранешна ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.



На крајот Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top