Македонија

Трајанов: Според реформите, Македонија е пред Србија, Црна Гора и Албанија и светлосни години пред Молдавија и Украина

Македонската држава е убедлив лидер во успехот на реформите на терен, смета лидерот на Демократскиот сојуз

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, оценува дека во моментов Македонија е лидер во спроведени реформи меѓу кандидатите за членство во Европската Унија.

„Денес, според сите релевантни параметри, Македонија има одлична стратешка ориентација и е убедлив лидер во успехот на реформите на терен. Нашиот реформски напредок е далеку пред оној на Албанија, Србија и Црна Гора“, смета Трајанов.

Тој повлече паралела и со новите фаворити на Брисел, нагласувајќи дека е апсурдно да се споредува Македонија со земји како Молдавија и Украина.

„Во однос на институционалната подготвеност и усогласеноста со европското право, ние сме светлосни години пред нив“, оценува Трајанов.

Најголемиот проблем за нашата европска стагнација, според него, лежи во стратешките дипломатски неуспеси. Тој предупредува дека со текот на годините Македонија не успеала да изгради силно и сигурно партнерство со земјите кои всушност ги носат главните политички одлуки во Брисел.

„Клучот за нашиот успех лежи во Берлин и во Париз, како две најмоќни европски престолнини. За да се забрза процесот на интеграција, потребно е да нè поддржи една од овие големи земји, кои имаат моќ да ја разбијат билатералната уцена. Дипломатскиот дефицит на претходните влади придонесе Македонија да остане сама на чистина“, објасни Трајанов.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top