Македонија

Трипуновски: Поголем извозот од увозот на земјоделски производи

Извозот на земјоделски производи бележи раст и достигна 416,7 милиони евра лани што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година“, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Тој додаде дека и покрај одредени промени во увозот, земјата има значителна позитивна разлика во трговската размена.

„Ако говориме за увоз на земјоделски производи, во 2024 година бил околу 177 милиони евра, додека во 2025 година бил околу 202 милиони евра. Имаме благ пораст, но ако се земе предвид извозот – имаме позитива од околу 215 милиони евра“ нагласи министерот.

Трипуновски потенцираше и дека секторот на примарно земјоделско производство има клучна улога во вкупниот извоз.

Министерот посочи дека позитивните трендови се забележуваат и во делот на откупот и продажбата на земјоделски производи.

„Имаме сериозен раст во делот на откуп и продажба на земјоделски производи согласно податоците на Државниот завод за статистика. Во делот на инпутите во откупот и продажбата имаме намалување, додека кај аутпутите имаме зголемување. Во четвртото тромесечје имаме откуп и продажба на земјоделски производи во износ од 12,5 милијарди денари“,  истакна министерот Трипуновски.

Владата заедно со Министерството продолжува со политики и мерки насочени кон зголемување на домашното производство и зајакнување на конкурентноста на македонските земјоделски производи.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top