Македонија

Трипуновски: Откупени 1,7 милиони килограми тутун со просечна цена од 419 денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска е во работна посета во прилепскиот регион, каде што врши увид во процесот на откупот на тутун.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска е во работна посета во прилепскиот регион, каде што врши увид во процесот на откупот на тутун.

„Сакам да ве информирам дека од пријавените 320 пунктови низ државата, отворени се 207 заклучно со вчерашниот ден”, изјави министерот Трипуновски.

Тој додаде дека од компаниите кои што се пријавени во Регистарот за откуп на тутун, само една компанија досега не отпочнала со откуп, но истата ќе започне на почетокот од наредната недела согласно планот и динамиката.

„Согласно податоците кои ги добиваме на дневна основа од Државниот инспекторат за земјоделство, до вчерашниот ден се откупени 1,7 милиони килограми тутун со просечна цена од 419,68 денари”, истакна министерот Трипуновски.

Тој посочи дека според податоците од Сојузот и Инспекторатот, досегашниот тек на откупот се одвива во добра атмосфера.

„До последниот ден од откупот ќе бидеме тука, додека не се собере последното ливче тутун. Очекуваме дека оваа сезона ќе заврши успешно”, заклучи министерот.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top