Македонија

Турција приведе над 400 осомничени во големa операциja против кибер криминал

Турската полиција во само десет дена уапси 429 лица во масовни операции против кибер-криминалот низ целата земја, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Турската полиција во само десет дена уапси 429 лица во масовни операции против кибер-криминалот низ целата земја, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во првиот бран (последни 10 дена) приведени се 354 осомничени во 35 провинции, додека вчера наутро во Истанбул и уште 14 градови паднаа дополнителни 75 лица. Запленети се 16 фирми, 13 домови, 37 автомобили, 14 станови, 13 земјишни парцели, 447 банкарски сметки и огромна количина накит и луксузни предмети – вкупна вредност над 1,05 милијарди турски лири (околу 20,3 милиони евра).

Осомничените се обвинети за дистрибуција на детска порнографија, масовни онлајн измами (лажни хотелски резервации, продажба на недвижности, кредити со ниска камата) и промоција на нелегално коцкање преку социјални мрежи и лажни веб-страници.

„Со овие операции спречивме огромна материјална и емоционална штета врз нашите граѓани“, порача Јерликаја.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top