Македонија

ТВ Телма дојде до видео-снимки на можниот сериски убиец и силувач од Старо Нагоричане! Се истражува смртта на пет жени! (Видео)

Телевизија Телма дојде до снимки, кои се од камери на една од куќите, каде што се гледа осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане. Видеото трае две минути, а на него се појавува крупен маж со подолга јакна и качулка на главата, кој се обидува да ја отвори вратата на куќата. Но таа е заклучена. Според изворите на Телма, се работи за дом кој се наоѓа блиску до местото познато како Коински мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена.

На снимките се гледа дека се снимани на 23 јануари годинава во еден часот и 54 минути после полноќ. Токму овие снимки биле пријавени и во полиција, тврдеа жителите на Старо Нагоричане со кои разговаравме викендов. Камерите биле поставени на приватен објект, но не биле пријавени по закон.

Според мештаните веќе подолго време кружеле сомнежите за 25-годишникот од селото Драгоманце кој со велосипед го обиколувал регионот, дека е можно да убива и силува жени. Но никој не ги истражувал случаите. Извори за Телма од истрагата сега тврдат дека се истражуваат пет починати жени кои биле пронајдени мртви во нивните домови, три од годинава и два од лани.

За сите освен за една заедничко е што се жени во години, починале сами дома но и сите биле пронајдени полуголи или голи. Само една жена која е пронајдена мртва во својот дом пред околу еден месец и закопана, била помлада на околу 35 години. Токму за неа сега обвинителството бара обдукција откако беше есхумирана.

Случајот за можен сериски убиец се откри по приведувањето на 25-годишникот осомничен за убиство на последната жртва за која обвинителството извести дека утврдило дека не починала од природна туку од насилна смрт. Била задушена со перници и ќебиња во периодот од крајот на јануари до 10 февруари кога и била пронајдена.

Ниту од полицијата, ниту од обвинителството во интерес на истрагата не сакаат да откриваат детали. Но ќе се истражува дали има пропусти.

Според жителите на околните села осомничениот имал тешкотии со говорот и комуникација со околината. Од Центарот за социјални грижи велат дека не бил регистриран како корисник на било какво право. Живеел со мајка и очув во многудетно семејство во селото Малотино, кое се наоѓа над Драгоманце каде што се пронајдени дел од жртвите.

ТВ Телма

Видео

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top