Македонија

Уапсен 47-годишен маж – ги малтретирал родителите

Во пијана состојба, секојдневно кршел предмети во куќата и упатувал сериозни закани по нивниот живот

 

СВР Тетово информира дека е уапсен 47-годишен маж поради закани кон родителите.

По неговото апсење вчера, потврдено е присуство на алкохол во крвта.

„На 05.04.2026 година во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода лицето О.С. (47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во Полициската станица Тетово, неговиот 76-годишен татко пријавил дека подолг период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од нивниот син“.

„Според пријавата, О.С., во пијана состојба, секојдневно кршел предмети во куќата и упатувал сериозни закани по нивниот живот. По лишувањето од слобода, на О.С. му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка, додека по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен извештај“, велат од Полициската станица Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за најавениот протест: Нe дозволувајте да бидете алатка на партија која живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика кандидатите кои треба да го полагаат правосудниот испит да не дозволат да бидат искористени како алатка во рацете на една опозициска политичка партија „која сѐ уште живее во минатиот век“.

Трипуновски: Еве колку беа задоволни земјоделците во време на СДСМ (ВИДЕО)

Му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“ пишува Трипуновски во објавата на Фејсбук.

To top