Македонија

Уапсен Бујар Дарлишта, екс-директор на Управата за водење на матични книги

Кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација.

Во полициска акција која започна ноќеска на повеќе локации низ државата, приведени се повеќе од десет лица.

Меѓу нив има и поранешен директор, лице кое во минатото било високо етаблирано во структури поврзани со ДУИ. Станува збор за Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги.

Бујар Дарлишта е кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, институција која беше во фокусот на јавноста поради сериозни забелешки за начинот на работење и издавањето документи без целосна евиденција. Подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција, дел од државниот енергетски сектор. Во јавноста се перципира како партиски кадар на ДУИ кој раководел со чувствителни институции од системот, без да биде меѓу најекспонираните политички фигури на партијата.

Акцијата на полицијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.

По претходно обезбедени судски наредби, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово. Неофицијално, при претресите до сега се пронајдени и одземени пари во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.

Во моментот, според неофицијални информации, во тек се претреси и во два правни субјекти на подрачјето на Скопје и на Куманово. Повеќе детали од полицијата се очекуваат во текот на денот.Плусинфо 

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

To top