Македонија

Уапсен гевгеличанец баран со потерница, треба да одлежи осум и пол години затвор

Предадено во КПУ Идризово

Лишено од слобода лице од Гевгелија барано со потерница за издржување казна затвор.

Како што информираат од МВР, денеска (25.11.2025) година околу 10:00 часот од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага, на подрачје на ЕВР Гази Баба лишен од слобода е И.Ѓ.(26) од Гевгелија.

Истиот се барал по издадена Централна потерница од Основен Суд Гевгелија за сторени кривични дела по чл.418-б “криумчарење мигранти” и 418-в ‘’организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти” за што е осуден на казна затвор во траење од осум години и шест месеци затвор.

Лицето по приведувањето е предадено во КПУ-Затвор Идризово за понатамошна постапка.

Најнови вести од: Македонија

МВР: „Летањето“ дронови без дозвола претставува опасност

Лицата кои не ги исполнуваат законските услови за управување со беспилотни воздухоплови – дронови и немаат соодветни одобренија, регистрации или сертификати, да не вршат операции со дронови спротивно на важечките прописи

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Филипче

Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

To top