Македонија Хроника

Уапсен возачот на мотор кој побегна, откако усмрти пешак пред неговата зграда

Полицијата го уапси мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје. Тој го усмртил пешакот на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегазил, мотоциклистот избегал од местото на несреќата. Оваа информација ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Лишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак во центарот на Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава.

Од МВР информираат дека денеска во полициска станица е извршен службен разговор со Ф.Љ. (25) од Скопје, кој на 01 јули околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од
Скопје, по што избегал.

Од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

  • „Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, соопшти МВР.

Човекот, кој излегол да фрли ѓубре, смртно го прегазиле пред неговиот дом. Уште една жртва на сообраќајното дивеење во Скопје. 68-годишен човек настрада по удар од мотоцикл. Возачот побегнал, но по само два дена е фатен од полицијата.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top