Македонија

Украдена спомен-бистата на народниот херој Вера Јоциќ

Од Градскиот парк во скопската Општина Центар и на само 150 метри од Владата

Нерпознати лица ја украле бистата на народниот херој Вера Јоциќ,соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Бистата, дело на нејзината сестра Вида Јоциќ, е поставена во почетокот на паркот на околу 150 метри од Владата на РСМ.

Според полицискиот билтен, завчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од паркот е украдена спомен-бистата посветена на Вера Јоциќ.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

Вера Јоциќ (1923–1944) била македонска партизанка и југословенски првоборец, прогласена за народен херој во 1951 година.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top