Македонија

УНИ Банка трета година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“

УНИБанка АД Скопје и оваагодина е дел од најзначајната културна манифестација во државата „Охридско лето“. Како традиционален поддржувач на фестивалот, Банката уште еднаш ја потврдува својата определбада поддржува значајни културни настани, верувајќи дека културата е срцетона секое општество, а уметноста јазикот што ги поврзува сите генерации. 65-тото издание на фестивалот традиционално започнувана 12 јули и […]

УНИБанка АД Скопје и оваагодина е дел од најзначајната културна манифестација во државата „Охридско лето“. Како традиционален поддржувач на фестивалот, Банката уште еднаш ја потврдува својата определбада поддржува значајни културни настани, верувајќи дека културата е срцетона секое општество, а уметноста јазикот што ги поврзува сите генерации.

65-тото издание на фестивалот традиционално започнувана 12 јули и трае до 20 август. Оваа година, со богата роденденска програма, нуди 29 музички настани и настапина над 300 уметнициод САД, Кина и Европа. Подмотото „Уметностатрансформира“, Охрид ќе се претвори во хибриден просторна музика, драма, визуелна уметност и глобална културна сцена. Концертите и театарските претстави ќе се одржуваат на уникатни локации како црквата „Св. Софија“ и Античкиот театар, што претставува значаен придонес во зачувувањето и оживувањето на културното наследство. Фестивалот претставува мост меѓу локалното и глобалното, соможност светот да ја запознае Македонија преку уметноста.

Истовремено, обезбедува платформа за македонски музичари, актери и уметници да настапуваат рамо до рамо со светски признати имиња. Секоја година, над 30.000 посетители од земјата и странство уживаат во културната понудана спектакуларните сцени низ Охрид, впивајќи ја магијата на уметноста покрај брегот на Охридското Езеро. Културата отсекогаш имала моќ да обединува, да создава вредност и да гради врски меѓу луѓето – вредности со кои се идентификува УНИ Банка како активен дел од заедницата. Во рамки на својата општествена одговорност, УНИ Банка ќе продолжи со поддршка на културни и општествени проекти, со фокус на младите, спортот, иновациите и зачувувањето на културното наследство. И ова лето, заедно со УНИ Банка, уживајте во магијата на уметноста на брегот од Охридското Езеро.

Најнови вести од: Македонија

„Скопје 1.мк“: Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ. Ова го објави порталот „Скопје 1.мк“

To top