Македонија

Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје

Орлин Ваташки е именуван за нов член на Управниотодбор на УНИБанка

Орлин Ваташки е именуван за нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје и официјално веќе од 21.08.2025г. е дел од највисокиот раководен тим на Банката.

Станува збор за врвен банкарски професионалец соповеќе од 20 години работно искуство во финансискиотсектор, период кога бил на повеќе одговорни раководни позиции и успешно се справувал со сите предизвици.

“Почестен сум од довербата да бидам именуван зачлен на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Со благодарност ја прифаќам одговорноста, верувајќи дека сите заедно како колектив имаме голем потенцијал и можеме да ја исполниме нашата мисија. Подобрувањето на услугите за клиентите, креирање иновативни продукти, активно унапредување на дигитализација на Банката, како и севкупното подобрување на перформансите на банката се сегменти од работењето кои ќе бидат во мојот фокус”,  истакна г. Ваташки.

Во неговата досегашна банкарска кариера бил дел од Банка Пиреос Бугарија, Софија,  како Раководител на одделение во Дирекција Проблематични кредити, потоа од МКБ Унионбанк, Софија, која е дел од Bayern LB Германија, како Раководител на ОдделениеПроблематични побарувања, а за истакнување е и неговото искуство во Прва Инвестиционна Банка, Софија, како Директор на Дирекција Проблематичниактиви.

Г-динот Ваташки во УНИБанка АД Скопје ќе биде одговорен за дирекциите: Управување со ризик, Финансии и сметководство, Информатички технологии, Платни системи, Управување со проблематичнипласмани, Картично работење и Кредитнаадминистрација.

УНИБанка АД Скопје неколку години по ред остварува исклучителни резултати. И најновиот финансиски извештај за првиот семестар од 2025г. покажува раст на кредитирањето и нивото на депозити, раст на добивката и висока позиционираност во сегментот средни банки. Акциите на банката неколку години по ред се меѓу најпосакуваните на Македонската берза, што е потврда за добрата стратегија, одличната кадровска структура и воопшто за успешното работење на оваа институција.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го означи стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, на кој годинава учествуваат рекордни 15.020 натпреварувачи. Ѓорѓиевски порача дека Скопје денеска е во знакот на спортот, а илјадници учесници со различни цели и лични приказни ги исполнија улиците на главниот град. […]

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top