Македонија

Урсула Фон дер Лајен следната недела во посета на Скопје, што ќе донесе во куферот?!

Урсула фон дер Лајен следната недела доаѓа во Скопје. На денешната пресконфесенција на министерката за Европа за од Австрија Клаудија Плаколм и државната сектретарка за европски прашања на Словенија Нева Грашиќ порачаа дека ќе ја поддржат Македонија во разговорите со Софија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната среда ќе пристигне во посета на Скопје. Официјалната агендата уште не е соопштена, но познато е дека шефицата на ЕК ќе се сретне со целиот државниот врв.

Посетата доаѓа во време кога македонската влада најави дека по завршувањето на изборите и стартот на новата година ќе се интезивира дијалогот со официјална Софија.

На шефицата на ЕК денеска и претходеше министерката за Европа на Австрија, Клаудија Плакхолм која е во официјална посета на Македонија и најави дека Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираат до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност за почетокот и крајот на преговорите.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

To top