Македонија

Уште една функционерка ја напушти АА на Таравари

Поранешната потпретседателка на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази е избрана за претседателка на Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Таа одлучила да остане во власта и го напуштила политичкиот курс на Арбен Таравари, кој реши да ја напушти и да делува опозициски. Абази во својата прва изјава по назначувањето изрази благодарност до повеќе претставници на […]

Поранешната потпретседателка на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази е избрана за претседателка на Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Таа одлучила да остане во власта и го напуштила политичкиот курс на Арбен Таравари, кој реши да ја напушти и да делува опозициски.

Абази во својата прва изјава по назначувањето изрази благодарност до повеќе претставници на актуелната власт, меѓу кои Арбен Фетаи и Азир Алиу, без да го спомене Таравари.

Нејзиното јавно „дистанцирање“ од тековното раководство на АА, се толкува како потврда за нејзиниот избор на нов политички правец.

Именувањето на Абази се случува во период кога крилото на Алијанса за Албанците се соочува со внатрешни несогласувања и кадровски турбуленции, по одлуката на Таравари да ја напушти владината коалиција.

Најнови вести од: Македонија

Комисијата по жалби го поништи тендерот МВР за униформи

Компанијата чија понуда била избрана за најдобра за делот за виндјакна и за теренска униформа за редовната полиција, не ги исполнувала самостојно условите за минимален број на вработени и други критериуми туку приложила т.н. техничка поддршка од фирма од Србија

To top