Македонија

Утковски: Затворот во Шутка не е мексикански картел, па Груби да не е безбеден

За директорот на Истражниот затвор, сето ова околу одредениот домашен притвор за бившиот вицепремиер е произволно

Бобан Утковски, директор на Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, останува на ставот дека институцијата што ја раководи може(ше) да ја гарантира безбедноста на Артан Груби како и на секој друг.

„Затворот ‘Скопје’ во Шуто Оризари не е мексикански картел. Може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и на поранешниот вицепремиер“, изјави Утковски за „Слободен печат“. „Безбедноста овде е на прво место. Од мене не е побарано писмено да се произнесам за безбедноста на лицето Артан Груби. За МВР и АНБ не знам. За мене сето ова е произволно. Нека дојде кој сака и да каже кои параметри не ги задоволува затворот „Скопје“. Кои се тие безбедносни критериуми што ние не ги исполнуваме“.

„Со сиот свој интегритет гарантирам дека максимално е загарантирана безбедноста на секој штитеник, дури и на Груби. На крајот на краиштата, ако толку ценат дека овде е небезбедно, има и други притворски одделенија и во затворите во Гевгелија, Битола и во Куманово“, додаде тој.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top