Македонија

Утре предлог до Владата за нов Јавен обвинител на Македонија

Советот на јавните обвинители утре треба да ја одржи 38. седница, на чиј дневен ред е само една точка – давање мислење на Владата по предлог за именување на јавен обвинител на Македонија

Советот на јавните обвинители, во согласност со законските рокови, треба во рок од 15 дена, утре треба да ја одржи 38. седница, на чиј дневен ред е само една точка – давање мислење на Владата по предлог за именување на јавен обвинител на Македонија.

По ова Владата  до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.

Од собраниската прес-служба не ги откриваа имињата на кандидатите, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

Еден од петтемина пријавени би требало да го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, а на негово место како в.д. државен јавен обвинител дојде обвинителката Тополова-Исајловска, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за Јавното обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Владата. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена.

Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

Најнови вести од: Македонија

Oд 1 септември ќе биде пуштена во сообраќај првата линија на „Градски воз“

Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 септември пуштена за сообраќај, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

Љутков до Синдикатот на културните работници: Избравте судир и создавање на криза

Евентуално поништување на Колективниот договор, ќе биде неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ, смета министерот

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

To top