Македонија

Утрово затрелан маж во Батинци

50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, бил донесен денеска нешто пред 11 часот во Градската Болница во Скопје.

 

50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, бил донесен денеска нешто пред 11 часот во Градската Болница во Скопје.

Тој бил жртва на напад во пукањето што се случи утрово во селото Батинци.

„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 50 години, со рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но било констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската општа болница за ТВ21.

Полицијата изврши увид на терен, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето.

 

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

To top