Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не сака „мал договор“ со Иран, туку „голема зделка“ истакнувајќи дека затоа сè уште не е постигнат договор, објави АП.
„Причината зошто договорот сè уште не е постигнат е затоа што Трамп навистина сака договор според кој Иран нема да има нуклеарно оружје, Иран нема да го поддржува тероризмот, но исто така и народот на Иран може да напредува и да се приклучи на глобалната економија“, рече Венс на настан во Џорџија.
„И тоа е договорот што го предлага. Тој вели дека ако вие [Иран] се обврзете да немате нуклеарно оружје, ние ќе се погрижиме Иран да напредува“, рече Венс, додавајќи дека се чувствува „многу добро во врска со тоа каде сме“ во процесот на преговори.