Македонија

Вевчански карневал 13 и 14 јануари 2026: кога Вевчани станува сцена, а традицијата слобода

Како и секоја година, така и оваа, 2026 година, малото, но и големо село Вевчани се преобразува во сцена излезена од некоја бајковита приказна, каде што фолклорот и традицијата се спојуваат во волшебниот Вевчански карневал. Влечејќи корени од старите традиции, карневалот постои повеќе од 1400 години и се повикува на паганските обичаи за одбележување на старата Нова година според Јулијанскиот календар. Главниот концепт на карневалот е да се одбележат циклусите на животот и да се оддаде почит кон природата – типично за многу древни празнувања на балканските територии. Практично, карневалот е театарска претстава под отворено небо, во која учествуваат жителите на селото Вевчани, како и гости од цела Македонија, но, и од светот!. Преку маски и костуми ги „коментираат“ актуелните случувања – од политички гафови и економски апсурди до културни и општествени парадокси. Во центарот на карневалскиот татнеж е хуморот што ја прави целата атмосфера „болно смешна“ и лудо незаборавна. Карневалот е дел од културното наследство на Република Македонија, но и е и препознатлив симбол на селото Вевчани.

Во Вевчани, годината не почнува со календарот, туку со Свети Васиља. Со ритмот на тапаните, со писокот на зурлите, со смеата што е истовремено и шега и порака. Овде, меѓу планината и изворите, карневалот не е настан – тој е состојба на духот, наследство што се носи во крвта и се пренесува од поколение на поколение. Вевчанскиот карневал е еден од најстарите живи карневали на Балканот, со корени длабоко вткаени во паганските обреди за прочистување, плодност и заштита од злото, кои подоцна се споиле со христијанската традиција на празникот Свети Василиј Велики. Тоа е премин – од старата во новата година, од темнината кон светлината, од молкот кон гласното, слободното изразување.

Во Вевчани, празникот Свети Васиља има особено значење и претставува најважниот традиционален настан во годината. Тој не е само верски празник, туку спој на длабоки народни верувања, заедничка меморија и колективен идентитет. Преку Вевчанскиот карневал, кој се одржува на 13 и 14 јануари, Вевчани симболично го означува преминот од старата во новата година, како и потребата од прочистување, обновување и нов почеток.

Карневалот има силна општествена и културна улога. Тој претставува простор каде што заедницата јавно ги изразува своите ставови, грижи и размислувања, но на начин кој е прифатлив, духовит и препознатлив. Во овој период маските стануваат средство за слобода на изразување, а смеата – начин да се надмине секојдневниот притисок. Значењето на Свети Васиља во Вевчани лежи токму во оваа можност еднаш годишно да се преиспита реалноста, да се исмеат негативните појави и симболично да се започне нов циклус со оптимизам и заедништво.

Вевчанскиот карневал е повеќе од настан – тој е спој на пагански обичаи, современа сатира и единствен македонски непокор.Тоа е заштитено нематеријално културно наследство со исклучително значење.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Дали извршил уште 5 убиства овчарот Т.Б (25), веќе осомничен дека е сериски убиец и силувач на жени од Кумановско?!

Уште пет смртни случаи на повозрасни жени и еден обид за убиство се испитуваат од истражните органи, за да се види дали се дело на осомничениот дека е сериски убиец во кумановско Старо Нагоричане, за кого засега има сериозни укажувања оти извршил најмалку две убиства и еден физички напад врз постара жена во кумановското село Челопек, објави ТВ Телма, повикувајќи се на извори блиски на истрагата.

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Јасно ни е, додава претседателката, дека во моментов она што е најважно во овој свет на неизвесност е обостраната приврзаност на европската меѓународна и безбедносна политика

Вајц: Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално –  Ова е година на спроведување уставни измени и реформи

„Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално. Тие не треба да играат улога во идните преговори со ЕУ. Сите ние, а јас сум австриски државјанин, имавме многу билатерални прашања кои требаше да ги решиме во последните 70-80 години. Потребно е време, исто така и за историјата е потребно време и ние не треба да поврзуваме никакви политички одлуки со овие прашања.“ – изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија Томас Вајц во интервју за „360 степени“ по претставувањето на нацрт-извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ)  на Европскиот парламент вчера.

Најнови вести

To top