Македонија

Вицепремиерот не го разбира безбожништвото на ,,политичкиот абортус” од Бихаќка

Жесток и креативен одговор на нападите од СДСМ

Во објава со наслов ,,МЕ ИЗЕДЕ ТУЃИОТ СРАМ!”, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ одговара на нападите од СДСМ од каде го обвинуваат дека е офицер за врски со Српската напредна странка на Александар Вучиќ и Русија во владата на Мицкоски затоа што бил гостин на прославата на Денот на Република Српска?

,,Дали сега на сите им е јасна анти – ЕУ кампањата на владата на Мицкоски, намерната изолација за да продолжат криминалните тендери?„- прашуваат од СДСМ.

Во одговорот Стоиљковиќ објаснува дека на прославата учествувал од воведувањето на овој празник и дека таму имало и блиски луѓе на претседателот Трамп.

Во одговорот Стоиљковиќ на креативен начин ја опишува состојбата во која сега се наоѓа СДСМ сооред него: Лузери, безбожници, политички абортуси, извршители на идентитетски геноцид врз Македонците, збрлавена глутница на изгубени души кои бараат внимание.

,,Лауреатите на идентитетскиот геноцид врз својот народ и родената држава – кои народот се повеќе ги препознава како политички абортуси, а македонскиот народ како фабричка грешка во националниот код, збрлавена глутница на изгубени души собрани „еден од ваму, друг оттаму“ и втерани во некогаш, нели славниот СДСМ, исклучиво заради личните интереси на највалканиот меѓу нив, желни за ронка внимание од македонската јавност, особено онаа патриотската, денес мене (во последно време нивната омилена тема, Вучиќ, Србија, српскиот народ) ми се настрвија, божем заради тоа што на Денот на Свети Стефан присуствував на прославата на Денот на Република Српска во Бања Лука, што, впрочем, го правам откако е воведен овој празник, и тоа воопшто не ме поколеба во мојот став, никогаш и по никоја цена да не ги загрозам интересите на македонската држава и на македонскиот народ по кое било прашање, како политичар, а пред сè како човек, за разлика од некои други, туку да се борам за нив насекаде, вклучувајќи го и овој собир, на кој помеђу другите присуствуваа и Род Благојевиќ, еден од блиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, Едвард Хусон, универзитетски професор и геополитички аналитичар, како и многу други светски познати интелектуалци”, пишува Стоиљковиќ кој ја разбира потребата на ,,лузерите малку да се стоплат на неговото родољубие, напаѓајќи го мојот народ и мене без причина.

 

Стоиљковиќ не го разбира безбожништвото со кое го прават тоа.

,,Но, веројатно е така кога Сонцето го гледате од Пеколот во кој самите сте се вовлекле и каде што не ви преостанува ништо друго освен да истурате салви гнасотии врз подобрите од себе и врз оние помили на народот. А што се однесува до придобивките од мојата посета на Бања Лука, цела Македонија има корист што видлива што невидлива од овие контакти вклучително и овие, кутри, мизерни , “Сироти мали (профитерски) хрчки”, пишува Стоиљковиќ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Најнови вести

To top