Македонија

(Видео): 3,3 милијарди евра во наредните 5 години за сериозни капитални проекти

Вкупната вредност во моментот е 3,3 милијарди евра за следните 5 години. Ова е сериозна бројка, повеќето се проекти поврзани со градежништвото, над 600 милиони евра годишно. Ќе треба да се организираме и мобилизираме да можеме да ги реализираме овие проекти. Како Влада, ќе сториме сè за да обезбедиме финансирање, а делот на реализација што треба да го зголеми БДП не зависи само од Владата, туку и од проектниот менаџмент на изведувачите – рече Мицкоски.

Можност за реализација на јавни инвестиции од 3,3 милијарди евра во наредните 5 години е презентирана денеска на седница на Комитетот за јавни инвестиции. Ова новоформирано тело врз основа на методологија ќе ги одобрува капиталните проекти што ќе бидат на конечната листа и ќе ја следи нивната реализација. Премиерот Христијан Мицкоски, по седницата на Комитетот, истакна дека почнува нова пракса со алатка за следење на реализацијата на големи јавни инвестиции.

  • Вкупната вредност во моментот е 3,3 милијарди евра за следните 5 години. Ова е сериозна бројка, повеќето се проекти поврзани со градежништвото, над 600 милиони евра годишно. Ќе треба да се организираме и мобилизираме да можеме да ги реализираме овие проекти. Како Влада, ќе сториме сè за да обезбедиме финансирање, а делот на реализација што треба да го зголеми БДП не зависи само од Владата, туку и од проектниот менаџмент на изведувачите – рече Мицкоски.

Како што појасни министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ќе има нов начин на одлучување за капиталните проекти, со што, посочи, потранспарентно и поорганизирано ќе се носат одлуки за проектите и поедноставно ќе се планираат буџетите.

  • Ќе зборуваме за предлог-идеи што ќе се најдат на конечната листа. Не станува збор за проекти за кои веќе се обезбедени средства, туку за проекти за кои Комитетот, кој го сочинуваат сите министерства во Владата, ќе носат одлуки дали се важни, приоритетни и треба да се реализираат во периодот што следува. Секако, во согласност со можностите во буџетот, така ќе оди и носењето на одлуките за почнување и реализација – рече Димитриеска-Кочоска.

Премиерот во обраќање на седницата на Комитетот појасни дека листата на проектни идеи, која  се разгледува  е резултат на координиран пристап на повеќе институции и претставува силна основа за развој во клучните сектори.

  • Во транспортот зборуваме за модерни железници, нови електрични локомотиви, реконструкција на делници и поврзување преку коридорите 8 и 10. Тоа значи побрз проток на стоки, подобра поврзаност и посилна економија. Во образованието продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата на знаењето, со завршување на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Универзитетот „Мајка Тереза“. Затоа што иднината не се гради без силен образовен систем. Во здравството инвестициите во регионалните клинички болници во Тетово, Штип, Кичево значат подобра здравствена заштита, современи услови и достоинствен третман за секој граѓанин – наведе Мицкоски.

Во дигиталната трансформација, дополни, поставуваме темели на модерна држава преку воспоставување владин податочен центар, сигурна мрежа и зајакната кибер-безбедност. Тоа е основа за ефикасна, транспарентна и дигитална администрација. Во земјоделството и водостопанството инвестициите во системите, како Злетовица, Стрежево и ревитализацијата на водните ресурси, се инвестиции во стабилноста на производството и сигурноста на храната. Во енергетиката, преку проектите на АД ЕСМ, ја зајакнуваме енергетската независност со нови капацитети, обновливи извори на енергија, батериски системи и модернизација на постојната инфраструктура. Ова е борба за сигурна и достапна енергија за граѓаните и стопанството.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

To top