Македонија

Од скриена парцела, одземени 680 килограми марихуана

Две лица од општина Ново Село се приведени откако полицијата открила нелегална плантажа со канабис во атарот на селото Секирник, струмичко

Од локацијата биле одземени повеќе стебла со различна висина, со вкупна тежина од околу 680 килограми.

Против З.М. (34) и А.Т.Г. (30), СВР Струмица поднело кривична пријава поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според истрагата, двајцата претходно се договориле, а потоа во скриен дел од парцела на местото викано „Матник“, во атарот на Секирник, ја обработиле почвата и засадиле семе од канабис. Растенијата биле одгледувани со цел, како што се сомнева полицијата, да се произведува марихуана.

По приведувањето, З.М. и А.Т.Г. биле задржани во Полициската станица Струмица. Според МВР, во разговор со полицијата признале дека набавиле семе од канабис, ја обработиле земјата и во мај годинава ја засадиле нелегалната плантажа.

Од локацијата биле одземени повеќе стебла канабис, со различна висина и вкупна тежина од околу 680 килограми.

По поднесувањето на кривичната пријава, двајцата биле изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица. За случајот понатаму ќе одлучуваат надлежните органи.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top