Македонија

(Видео): Човек врзан за бандера сред Скопје побара правда и помош за настраданите во Кочани

Прво висеше на бандера, за да го привлече вниманието, за потоа да ги праша „големците“ – „толку ли брзо го заборавивте Кочани?“. Кочанчанецот Мартин Кировски со герила акција на плоштадот „Македонија“ повика на свесност кај институциите. Тој кажа дека пет другари му загинале во пожарот во „Пулс“. Денеска напладне, граѓаните кои случајно се затекоа на […]

epa12085510 A handout photo made available by Photo host Agency RIA Novosti shows President of Russia Vladimir Putin (R) and President of China Xi Jinping (L) attending the Victory Day military parade, marking the 80th anniversary of victory in the Great Patriotic War, on the Red Square in Moscow, Russia, 09 May 2025. Russia marks the 80th anniversary of the victory in World War II over Nazi Germany and its allies. The Soviet Union lost 27 million people in the war. EPA-EFE/SERGEY BOBYLEV /HOST PHOTO AGENCY RIA NOVOSTI / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
Прво висеше на бандера, за да го привлече вниманието, за потоа да ги праша „големците“ – „толку ли брзо го заборавивте Кочани?“. Кочанчанецот Мартин Кировски со герила акција на плоштадот „Македонија“ повика на свесност кај институциите. Тој кажа дека пет другари му загинале во пожарот во „Пулс“. Денеска напладне, граѓаните кои случајно се затекоа на плоштад Македонија во Скопје беа сведоци на необична сцена – непознат маж, залепен со селотејп за бандера, во близина на фонтаната. На обидите на минувачите и медиумите да добијат одговор зошто го прави ова, мажот кратко изјавил дека „нема да каже ништо сè додека не дојдат сите новинари“. Подоцна човекот проговори. Тој откри дека се работи за герила-акција на „Сапорт Кочани“ во знак на поддршка за настраданите и повредените во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top