Македонија

(Видео): Дали Коларевиќ поради лични интереси од Абази ја сопре постапката за „Мазут“, прашува Милошоски

Јавно се објавуваат податоци кои упатуваат на блискоста на обвинителката Коларевиќ, со моминско презиме Маркова, со партиите СДСМ и ДУИ. Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДС во 1998 г. Мајката на обвинителката Колеревиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДСМ и ДУИ е избрана за уставен судија. Овие фамилијарни кариери на родителите во семејството Коларевиќ се цврсто поврзани со политичките номинации на владите на СДСМ, вели Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали обвинителката Катерина Коларевиќ поради свои лични интереси и насоки од обвинителот Ислам Абази ја сопрела постапката за „Мазут“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Советот на јавни обвинители да го испита за работењето на посочените обвинители. На денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека има информации што упатуваат на блискоста на обвинителката со СДСМ и ДУИ.

„Прашањето е дали затоа обвинителката Коларевиќ , за осомничени како Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и други блиски до Ахмети, Заев и Филипче, не постапувала со мотив да ја открие вистината, туку со мотив да го заташка предметот Мазут тежок 167 милиони евра.

Обвинителката Коларевиќ, која што е блиска до СДС и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, штетата се утврдува со економско вештачење, а не со изјава дадена од некомпетентен или поткупен сведок или вработен во ЕСМ. Ваквото селективно постапување им дава повластена позиција на осомничените Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и другите, а го деградира владеењето на правото.

И самото ЕСМ во соопштение јасно кажува дека тие коишто биле испитани во постапката, не биле ниту одговорни лица, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со мазутот во ТЕЦ Неготино. Но, со прекинувањето на истрагата за овој 167 милионски евра скандал со силни индиции за перење на пари и тендерски криминал станува јасно дека решението на Абази и Коларевиќ не е поткрепено со правно-обвинителски аргументи, но веројатно е добро подмачкано со прескап мазут.

За да имаме владеење на правото и за довербата во правосудството да биде поголема од 2%, треба и обвинителите да подлежат на професионална, на дисциплинска, па и на кривична одговорност, кога има докази за истото.

Дали Коларевиќ како обвинителка поради свои интереси и насоки од блискиот до ДУИ, Ислам Абази, кои што доѓаат од врхушката на СДС и ДУИ, односно од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопреа постапката за овој случај вреден 167 милиони евра?

Јавноста има право да знае, а Советот на јавни обвинители има обврска да се позанимава со професионалното или непрофесионално работење на обвинителите Абази и Коларевиќ“, додава Милошоски.

Најнови вести од: Македонија

„Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун

To top