Македонија

(Видео): Дегустација на домашни производи од цела Македонија, за премиерот земјоделството е приоритет на Владата

Дегустација на квалитетни домашни производи од сите региони на Македонија, богата музичка програма и запознавање со занаетчиски производи ќе понуди настанот „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“ се одржува во паркот „Авионче“. Од Општина Аеродром информираат дека овој фестивал на храната, занаетчиството и традицијата е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство […]

Дегустација на квалитетни домашни производи од сите региони на Македонија, богата музичка програма и запознавање со занаетчиски производи ќе понуди настанот „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“ се одржува во паркот „Авионче“. Од Општина Аеродром информираат дека овој фестивал на храната, занаетчиството и традицијата е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека тука се да ја испратат силната порака дека македонската земја храни, дека македонската трпеза има иднина, и дека македонскиот народ се потпира – и ќе продолжи да се потпира-на трудот, знаењето и љубовта со кои нашите земјоделци ја обработуваат земјата.

„Манифестацијата „Од нива до трпеза“ не е само пазар или саем. Таа е симбол. Симбол на цел еден синџир кој започнува со утринската роса на македонските полиња, продолжува низ потта на земјоделецот, преку вештината на преработувачот, до вкусот кој го чувствуваме во секое домашно јаболко, секое сирење, секој домат од македонска земја. Македонија има потенцијал – и тоа не е фраза, тоа е факт. Имаме сонце, имаме вода, имаме плодна почва. Но пред сè-имаме луѓе. Луѓе кои не се плашат од рани зори, од кал на рацете, од работа до доцна навечер. Тие се вистинските херои на нашето време. Тие се столбот на економијата, на традицијата и на иднината.

Како Влада, решени сме да ја вратиме честа и вредноста на македонскиот земјоделец. Земјоделството е стратешки приоритет на оваа Влада. Во период од само единаесет месеци, исплативме вкупно 8 милијарди 662 милиони денари за заостанати субвенции и редовни исплати кон земјоделците – тоа е конкретна поддршка, тоа се пари кај луѓето што ја хранат државата! Направивме законски измени со кои земјоделските задруги конечно станаа препознаени и евидентирани, со што го олеснуваме нивното здружување и настап на пазарот.

Распишан е Јавен повик за финансиска поддршка за економско здружување на земјоделските стопанства и за заедничко вршење на земјоделска дејност. Откупувачите на тутун ја зголемија откупната цена од 375 на 400 денари за прва класа, а Владата ја зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари по килограм. Беше распишан Јавен повик за мерката помош на млади земјоделци, и добивме 254 апликации од нова генерација земјоделци која сака да остане тука и да гради иднина во татковината.

Во 2024 година, за првпат се постигна највисока откупна цена за винските сорти. Ова не се празни зборови-ова се конкретни дела. Ова се податоци кои говорат за еден нов пристап, нова енергија и јасна визија: да го подигнеме агросекторот, да ги мотивираме младите, да ја дигнеме довербата на земјоделецот. Нашата визија е „македонско на македонската трпеза“.

Да создадеме економија на храна која е одржлива, извозно ориентирана, но и задоволна. Да ги поддржиме локалните производители, од најмалото село до најголемата задруга. Денес, од оваа манифестација, упатувам апел до сите наши граѓани: Купувајте македонско. Почитувајте го домашното. Поддржете го трудот на оние што ја чуваат нашата трпеза жива. Нека биде ова заедничка мисија-мисија на солидарност, патриотизам и економски разум. Бог да ја благослови Македонија!“, вели Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Најнови вести

To top