Македонија

(ВИДЕО) Инцидент во Неготино: Советник отстранет од седница, па пријавен во МВР

Обвинува дека зад сето стои градоначалничката и сопругот на претседателката на Советот, кој работи во неготинската полициска станица

На седницата на Советот на општина Неготино во петокот, советникот Љубе Темелков (МААК) е отстранет од натамошниот тек на седницата поради непочитување на деловникот и три последователни опомени.

Откако одбил да ја напушти салата и покрај интервенција на обезбедување, претседателката на Советот Лилјана Арсова Митрова (ВМРО-ДПМНЕ) ја прекинала седницата.

По неколку часа, околу 23:45, Лилјана Арсова Митрова поднела пријава во полицијата против Темелков дека го попречувал работењето на Советот.

Темелков во видео-обраќање ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека само барал почитување на деловничките права и дека станува збор за политички притисок.

Тој посочи дека зад сето стои градоначалничката и сопругот на претседателката на Советот, кој работи во неготинската полициска станица.

Партијата МААК најостро го осуди инцидентот, оценувајќи го како грубо нарушување на демократските принципи и обид за замолчување на политичкиот неистомисленк.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top