Македонија

(Видео): Не само „Усје“, има и други кои треба да се дислоцираат од Скопје, рече Ѓорѓиевски

Усвоена е мерка за финансиска поддршка на граѓаните за поставување филтри на оџаците. На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги поддржува заклучоците на Советот за справување со аерозагадувањето и најави средби со премиерот и со заменик-министерката за животна средина за решавање на проблемот. Градоначалникот смета дека цементарницата „Усје“ не е единствениот проблем и дека е потребна поширока стратегија за преместување на тешката индустрија надвор од градот. Покрај цементарницата, Ѓорѓиевски ги посочи и погоните во Железара, фабриките за кабли и одредени отпади како потенцијални загадувачи.

Тој критикуваше дека три децении проблемот само се констатирал без конкретни чекори, што е резултат на лоши проценки во минатото.

  • „За жал, повеќе од 30 години сите го констатирале проблемот, но никој не го решил. Цементарница не е единствениот потенцијален загадувач. Ние имаме и останати погони и фабрики кои според мене треба да бидат дислоцирани од централното градско подрачје. Имаме одредени погони во Железара, имаме фабрики за кабли, одредени отпади… Што значи дека системот што требало да се изгради, не е изграден. Тоа биле лоши проценки во минатото. Триесет години освен констатации, немаме помрднување од мртва точка“, рече Ѓорѓиевски во гостување во централниот дневник на ТВ Сител.

Ѓорѓиевски кажа и дека инспектори веќе делуваат на терен, иако тоа било без медиумска помпа. Досега, како што рече, биле изречени неколку казни во висина од 53 000 евра за индустриски капацитети со Б-интегрирана дозвола. Тој најави дека во план е проширување на топловодната мрежа за да се овозможи пристап до парно греење за сите објекти во центарот на градот кои сè уште не се приклучени, а рече и дека интензивно се работи на гасификацијата.

Вчера, како што рече, е усвоена мерка за финансиска поддршка на граѓаните за поставување филтри на оџаците. На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top