Македонија

(Видео): Нови учебници, вештачката интелигенција и целодневна настава, најавува Јаневска

Фокусот на Министерството за образование и наука е ставен на обезбедување квалитетни и достапни учебници, дигитализација на образовните процеси, подобрување на инфраструктурата и постепено воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најавувајќи конкретни чекори за интеграција на вештачката интелигенција во наставата, како и законски […]

Фокусот на Министерството за образование и наука е ставен на обезбедување квалитетни и достапни учебници, дигитализација на образовните процеси, подобрување на инфраструктурата и постепено воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најавувајќи конкретни чекори за интеграција на вештачката интелигенција во наставата, како и законски измени во високото образование.

Јаневска, во вечерашното гостување на телевизија Сител, направи пресек на реализираните активности и најави нови реформи во образовниот систем. Од реализираното ги издвои дигитализирани процеси и услуги во министерството, дигитализирани услуги за учениците и студентите и склучените меморандуми за соработка со универзитети, невладини организации и странски институции.

Министерката потврди дека учениците ќе добијат учебници по сите предмети, вклучително и странски јазици.

  • Учебници дека ќе има по сите предмети, вклучително и странски јазици. Ќе има делумна промена на концепцијата, интегрираните предмети ќе бидат раздвоени, ќе има нови наставни програми, нови учебници за седмо одделение – рече таа.

Во делот на вештачка интелигенција, истакна дека во соработка со Универзитетот во Битола, ќе се изработат водичи за наставници и ученици за користење на ВИ со креативно размислување.

  • Воведуваме и вештачка интелигенција во образованието, интерактивни учебници и насоки за вештачка интелигенција во регионалните центри – изјави министерката.

Јаневска најави дека се работи на воведување целодневна настава за учениците од прво до петто одделение. За таа цел, како што рече, ова лето ќе започне доградба на 25 училишта.

  • Сакаме од прво до петто сите ученици да одат во целодневна настава. Ова е процес што ќе се одвива во следните четири години – рече таа.

Во врска со иселувањето на околу 17.000 ученици, таа потврди дека е тоа така, но посочи дека има и општини со зголемен број на ученици.

  • Мрежата ќе се оптимизира – таму каде што има по пет ученици, ќе се затвораат училишта, но во Аеродром, Кисела Вода и Чаир ќе се градат нови – истакна Јаневска.

Информираше дека министерството е при крај со новиот Закон за високо образование, како и со законите за научно-истражувачка дејност и иновации.

Најнови вести од: Македонија

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Вреди: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството, кое мора да се реформира од корен!

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

Поднесена кривична пријава против уапсениот помошник директор во Царинска Управа, поради примање мито

На 10.09.2026 во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК го лишија од слобода Џ.И. (63) од Шипковица, Тетово, помошник директор во Царинска управа на РСМ. Денеска (11.09.2026) Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против него за сторени кривични дела „примање поткуп“ по член 357 и „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Најнови вести

To top