Македонија

(Видео) Петрушевски: Немам намера да му се извинам на Заев, напротив тој треба да и се извини на јавноста

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на Зоран Заев, туку дека напротив очекува Заев да и се извини на македонската јавност, за сите милионски криминали што ги има правено и да се извини за сите национални предавства и понижувања.

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана

„„Апсолутно немам намера, ниту чувствувам потреба да му се извинам на Зоран Заев. Напротив, очекувам Зоран Заев да ѝ се извини на целокупната македонска јавност за сите милионски криминали коишто ги има правено и да се извини за сите национални предавства и понижувања. Она што е индикативно во неговото излегување во јавноста е тоа што, иако демонтира и вели дека немал никаква врска со овој случај со марихуана, сепак во тоа негово писание, кажува дека ова било режирана драма и дека запленетата марихуана била наводно запленетата заради несоодветно чување и складирање, со што директно се става во одбрана на оние коишто се осомничени во овој случај. Дополнително, Зоран Заев треба да одговори на македонската јавност, затоа што имаше јавни сведоштва за тоа како гради зграда 40 Катница во Дубаи и она коешто треба да го каже, е дали и тој како Венко Филипче ќе оперира, па затоа добил златна виза за Дубаи. Оваа нервоза на Зоран Заев е само доказ дека клопчето се размотува, дека обрачот околу Заеви се стега и дека наскоро ќе има правда во Р. Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е продолжува со борбата против криминалот и корупцијата во Македонија“, вели Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top