Македонија

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана

Дали Заев се интересирал во државни институции и за запленетата марихуана во Србија

Како во сите скандали во кои има сомнеж за криминал, така и овој не поминува без вклученост во јавноста на името Зоран Заев и секако неговиот ученик и другар, Венко Филипче, истакнува на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, што ја пренесува интегрално.

Јавувањето во јавност на Заев е директно погодување во центар и изблик на нервоза на Заеви кои се фатени директно на лице место во медот.

Заев лаже дека не гради во Дубаи, а за тоа има јавни сведоштва и факт е дека Заев заедно со Филипче има златна виза и е добро да објасни врз кој основ ја добил визата. Филипче лажеше дека ќе бил доктор во Дубаи и затоа добил виза, и Заев ли ќе оперира па затоа добил виза.

Факт е дека основоположник на бизнисот со марихуана во Македонија е владата на Заев.

Околу 70 проценти од запленетата дрога е на фирма која е во сопственост на кадар од СДС, поточно човек близок на Заев.

Дополнително само во текот на вчерашниот ден во струмичко беа запленети околу 30 тони дрога.

Кое е лицето и фирмата поврзани со СДС? Станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“ во сопственост на Тони Котев познат како М’гчев кој е поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Поточно формалната сопственост на фирмата е кај неговиот син Христијан Котев.

М’гчев е исто така познат како личност чии бизниси се поврзани со Вице Заев.

Фирмата на М’гчев кон скопската фабрика каде стартуваше полициската акција за период помал од шест месеци во 2025 година има испорачано 19 тони марихуана што е познато според документи.

Почитувани, фирмата на М’гчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година.

ВМРО-ДПМНЕ и тогаш укажуваше дека лиценците за ваков вид на фирми кои одгледуваат марихуана за медицински цели се добиваа само ако некој е близок со Заев, а не ако исполнува услови пропишани во правните акти. Или освен фирмата на синот  на М’гчев, дозвола за работа тогаш доби и фирмата во сопственост на синот на Боро Малборо.

Оттука, апелелираме до јавното обвинителство да ја истражи и поврзаноста на Заев и Филипче со фирмата каде е запленета марихуаната.

Дополнително јавноста треба да добие одговор и зошто Заев лично се интересирал и се јавувал во државни институции интересирајќи се за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.

Борбата со криминалот е јасна и ќе дојде крајот и на наркокартелот на Заеви.

 

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=OLfk99l1NtI
https://www.swisstransfer.com/d/026f6c1b-3e69-4387-a742-1fcabea35c5b

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top