Македонија

Видео: Пораки од телефон ја отвараат приказната против експретседателката на Антикорупциска Димитровска

Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го […]

Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го слушаа обвинителот како ги чита во судница.

ПОРАКИ ЕСТРАХИРАНИ ОД ТЕЛЕФОНОТ НА ТАТЈАНА ДИМИТРОВСКА на 22.08.2024:

Татјана: Фала Миле частам ручек
Миле: (И праќа ПДФ формат на сертификатот што претходно го наведовме од 2023 година)
Миле: Се шалам, не частиш ништо
Миле: Со 93,33 ти е положен
Татјана:А новиот?
Миле: Тој веќе е невалиден
Миле Да ти полагам на ново?
Татјана: Мислам, да
Миле: Ќе полагам сега
Татјана: Ради ДКСК
Татјана: Ај со среќа
Миле:Фала

Татјана: Како ти оди
Миле: Само што заврши со курсот, сега ќе полагам..(го праќа сертификатот издаден од Агенцијата за безбедност за класифицирано податоци)

Миле: Со среќа

Тајана: Па ај нека ни е, злато си..

Обвинителството децидно дека со ова се докажа  вината на Димитровска за фалсификување на безбедносниот сертификат.

„Сметаме дека со изведување на овие пораки докажа дека реално лицето Миле се приклучил на веб сајтот, неовластено, ги дава податоците, и го полага тестот за име и за сметка на друго лице“ рече обвинителот од ОЈО за ГОКК, Фатон Азизи.

Одбраната на Димитровска не ја спори комуникацијата, но за нив пораките не се доволни за да се исполни кривичното дело – фалсификување.

„Тоа што денеска го видовме не претставува дејствие кое може да биде издигнато на ниво на инкриминација, за тоа веќе повеќе пати кажав, сето ова што денеска го видовме не претставува кривично дело…“ рече адвокатот на Димитровска, Владимир Туфегџиќ.

Обвинителството пред судот читаше и пораки помеѓу раководителката на финансии во ТЕЦ Неготино, Билјана Петровска Мантева и ексдиректорот Небојша Стојановиќ. Многу пораки биле избрашани, рече обвинителот, но сепак останале документи и фотографијата од известувањето од БЈБ дека ОЈО ГОКК има отворено постапка и бараат документација оза набавките на мазут.

„Ние изведовме и известување кое од БЈБ било доставено до ТЕЦ Неготино, па имаше таму и еден втор момент кој сметам дека го уловивте а тоа е бројот на службеното лице и сета таа комуникација може да претпоставите во која насока била“ рече обвинителот од ОЈО за ГОКК, Фатон Азизи.

Одбраната на Мантева тврди дека документите кои му ги праќала на ексдиректорот претходно биле потпишувани од негова страна, а на известувањето од БЈБ никаде не пишувало строго доверливо.

„Го видовте самиот документ, не него никаде не постои сторо доверливо, ниту пак постои било каков степен како класификација како доказ и сметам дека Билјана Петревска Мантева не постапила спротивно на член на 289 од ЗКП“ рече Надица Фундуки– Адвокат на обвинетата Мантева.

За фирмата „РКМ Енерџи“ ДООЕЛ Скопје и набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Нефотино, обвинителката Поп-Трајкова вели дека веќе се истражува и сите докази од овој предмет, особено пораките, се индиции и таму.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top