Македонија

(Видео): За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал, вели Трипуновски

Министерот Трипуновски вели дека Николовски кој што деновиве се појавува на прес конференции ја нема раздолжено техничката опрема која што ја има задолжено во Министерството. Трипуновски истакна уште еден пример, имено по склучениот договор со KfW Банка за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството.

Креаторот на сите проблеми и коруптивни дејанија во времето додека беа на власт, не можат да бидат дел од решенијата кои што ги нудат“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Министерот Трипуновски изјави дека има процесуирано постапки до ОЈО за незаконското работење на Љупчо Николовски, но нема никаква реакција.

  • „Гледам дека во изминатите денови е многу гласен во јавноста и се обидува да манипулира. Сакам да кажам дека станува збор за можеби за најкриминогениот министер во минатото. Ова, го говорам затоа што јас како министер по влегувањето во Министерството преземав низа на активности за проверка на неговото работење“, посочи тој.

  • „Јас имам поведено неколку постапки до Јавното обвинителство кои што повеќе од година дена не се процесуирани. Значи станува збор за постапки за сериозни злоупотреби на буџетски средства итн“, додаде министерот Трипуновски.

Тој го повика Јавното обвинителство да презеде активности и да ги испитаат случаите.

  • „Овие поднесени документи и пријави не се единствени, изминатиот период фокусирани во работата на Министерството, враќање на довребата кон институциите, кон земјоделците, рабитевме и на дополнителни проверки. Овој министер кој што сега се обидува да се појави како спасител, во минатото ја заобиколил Платежната агенција како тело за спроведувач на програмите кои што ги носи Министерството и формирал тричлена комисија надвор од процедурите и поделил грантови по 10.000 евра за т.н. мали семејни винарии, се работи за над 800.000 евра буџетски средства“, посочи министерот Трипуновски.

Тој додаде дека во процесот на делење на тие грантови бил и претседателот на партиската комисија за земјоделство, кој што по доаѓање на новата Влада даде отказ.

  • „И ова како предмет, кој што е во завршна фаза ќе биде доставен до Јавното обвинителство. За министерот кој што се јавува како спасител, за него имаме уште еден предмет, а тоа е злоупотребата на партиски вработувања и унапредувања во Министерството на лица кои што без согласност на Министерството за финансии и запазенаа процедура ги унапредувал и има штета по буџетот“, додаде тој при своеото гостување.

Министерот Трипуновски додаде дека истиот тој министер кој што деновиве се појавува на прес конференции ја нема раздолжено техничката опрема која што ја има задолжено во Министерството. Трипуновски истакна уште еден пример, имено по склучениот договор со KfW Банка за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството, за не преземање на активности во рок од 5 години, државата исплатила 2,2 милиони евра по основ на камати.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top