Македонија

Владата донесе одлука: се прогласува 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Владата на Република Македонија на денешната седница на предлог на Управувачкиот комитет донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена.

Во соопштението во врска со оваа одлука на Владата на Република Македонија се истакнува: Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок.

Здравјето на граѓаните на Општина Гостивар останува во средиштето на вниманието на Владата и посветени сме кон целосно решавање на овој проблем.

Очекуваме Јавното обвинителство да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, одговорност мора да има за секој  што ги ставил во опасност здравјето и животите на гостиварчани.

Управувачкиот комитет го сочинуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, директорот на СОЗР Ивица Томовски, директорот на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на АХВ Оливер Миланов, директор на Инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top