Македонија

Владата прави сè да им помогне на превозниците за надминување на проблемот со земјите од Шенген-зоната

Министерството за транспорт денеска соопшти дека има целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери и активно и во континуитет се работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на проблемот со земјите од Шенген-зоната.

Министерството за транспорт денеска соопшти дека има целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери и активно и во континуитет се работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на проблемот со земјите од Шенген-зоната.

  • Во рамките на можностите со кои што раполага Министерството, се работи на склучување билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, бидејќи сметаме дека ова е најсоодветно решение, Македонија самостојно да го реши проблемот на транспортерите. Потенцираме дека такви договори веќе се склучија со Швајцарија, Хрватска и Романија. Интензивно работиме со Владите на Австрија, на Германија и во месец септември се очекува да се одржи средба на високо ниво со владата на Австрија, а во октомври и со Словенија со цел да се постигнат билатерални договори и со овие земји за издавање долгорочни визи за македонските транспортери, наведуваат од Министерството.

Бидејќи се работи за правила во Шенген зоната, се потенцира во соопштението, тоа што Владата преку Министерството за транспорт може да го направи и тоа што има на располагање е да потпише билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната за издавање долгорочни визи.

  • Идејата е генерално да се покријат рутите каде што традиционално македонските транспортери работат. Тоа ги подразбира земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери и токму со овие земји Владата и Министерството работат на билатералните договори за долгорочни визи. Потенцираме дека Македонија самостојно треба да го решава проблемот и единствен начин во овој момент е преку билетерални договори со земјите од Шенген зоната. Транспортната дејност е двигател на македонската економија и од тие причини сметаме дека дејноста не треба да запре да работи, напротив Владата и Министерството за транспорт продолжуваат активно со работа за изнаоѓање дополнителни решенија, посочуваат од Министерството за транспорт. 

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Скопје Ѓорѓиевски: Потпишан е договорот за набавка на 150 електрични автобуси

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје информираше дека е потпишан договорот за набавка на 150 електрични автобуси. Набавката ја спроведе централната власт, договорот е потпишан со унгарската фирма „Икарус“. Ова го објави „Плус инфо“.

Гаши ја обвини ДУИ за злоупотреба на Деловникот во Собранието

Сите закони за кои е потребно Бадентерово мнозинство ќе бидат ставени на гласање, соопшти претседателот на Собранието Африм Гаши денеска на средба со новинарите и додаде дека не знае каков ќе биде исходот поради процедуралната блокада на опозициската ДУИ.

Јаневска: Да се почитува реонизацијата при запишувањето на учениците во основните училишта!

Во моментот се изработува проект за реконструкција на покривот на ОУ „Наум Наумовски-Борче“ во Гази Баба. За децата нема да има проблем да влезат на часови затоа што има плоча и училниците се обезбедени, рече министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со загриженоста на родителите на децата од ова училиште во населбата Маџари, чиј покрив беше откорнат во невремето на 21 јули.

ЕОС Матрих Македонија на пиедесталот во рамки на EOS Групација

ЕОС Матрих Македонија уште еднаш потврдува дека големината на пазарот не е пресудна за извонредноста на резултатите, како и дека континуираниот успех се гради со долгорочна работа, професионалност и постојано унапредување

To top