Македонија

Владата со мерки против поскапување на вештачките ѓубрива

Министерство за земјоделство

Министерствата за земјоделство и за економија започнаа заедничка проверка на увозниците на вештачки ѓубрива, со цел да се превенира евентуален ценовен удар врз пазарот поради растот на цените на вештачките ѓубрива. За утре е закажан состанок со увозниците, на кој ќе се анализираат податоците од Пазарниот инспекторат и ќе се разгледаат можни мерки.

„Веќе во текот на утрешниот ден е закажан состанок со увозниците на вештачки ѓубрива во нашата држава, во Министерството за земјоделство, на кој што ќе присуствуваат и претставници од Министерството за економија, да ја согледаме сондажата од терен, која што е пристигната од Пазарниот инспекторат и према тие параметри кои што ќе бидат внатре, на еден заеднички состанок ќе донесеме некои конкретни мерки, како ќе се делува во делот на евентуално превенирање на ценовниот шок, во делот на употребата на вештачките ѓубрива“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Трипуновски посочи дека досега се исплатени над 35 милиони евра субвенции, а најави и исплата за земјоделците чии апликации биле ставени на дополнителна контрола, доколку се утврди дека ги исполнуваат условите. Воедно, потврди дека за стоковите резерви веќе се откупени 2.400 тони оризова арпа, како и дека внимателно се следи состојбата со откупот на ориз од ланската реколта.

„Знаете дека во делот на есенската жетва имаше можеби мали пореметувања со временските прилики, дождови, да речеме задоцнета жетва итн. Меѓутоа податокот кој што го имам досега е дека се откупени над 10.000 тони оризова арпа. Го следиме процесот, сакам да упатам еден апел дека никогаш, посебно оризопроизводителите, не биле оставени сами на себе, покрај другите земјоделски култури. Ако има потреба од дополнително, секогаш би излегле во пресрет, за да го заштитиме нивниот труд и нивната работа“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Министерот Трипуновски присуствуваше на отворањето на петтото Меѓународно научно-стручно советување „Агро наука и пракса 2026“ на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде компании од државата и регионот ги претставија своите производи, а земјоделските експерти ги презентираа своите научни трудови.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top