Македонија

Влатко Миладиноски со голем солистички концерт во Арена „Борис Трајковски“ на 28 декември

Голем солистички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје

Еден од најпопуларните изведувачи на македонска народна музика, Влатко Миладиноски, на 28 декември ќе одржи голем солистички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На сцената секогаш е рамо до рамо со брат му Златко Миладиноски и неговиот голем оркестар, со кого заедно подготвуваат незаборавна музичка вечер исполнета со најубавите македонски песни.
Во моментов, Влатко и Златко се на голема австралиска турнеја, каде што интересот за нивните настапи е огромен — речиси сите концерти се распродадени однапред. Македонската дијаспора таму со големи емоции ги пречекува и ужива во безвременските хитови како „Ај да ојме Јано“, „Петко љубел многу жени“, „Од там се гледа Македонија“, „За тебе Софке“, „Велат не нема“ и многу други.
„Каде најубаво звучи македонската песна, ако не меѓу своите – каде и да се!“, вели Влатко, кој со секој настап ја пренесува магијата на македонската традиција и ја негува љубовта кон татковината преку музиката.
По успешните концерти во Македонската опера и балет и на Античкиот театар во Охрид, Влатко повторно ќе ја почувствува љубовта на својата публика во главниот град.
Интересот за концертот во Арена „Борис Трајковски“ е веќе огромен, а влезниците се достапни преку онлајн сервисот КупиКарти.ком, како и на продажните места Розе Веро 2, ЈК Травел – Бисер и ЈК Травел – Дајмонд.
🎶 Македонската песна најубаво звучи – дома!

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top