Македонија

ВМРО-ДПМЕ: Криминалната матрица на СДСМ ја презеде партискиот подмладок

Младинската организација на СДС, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ ја надминаа шемата на Заев, едно евро за црквата едно за Вицето, па целата провизија од местењето тендери ги задржуваат само за себе

Криминалната матрица на СДС не се менува и не исчезнува. Таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев и останати, на партискиот подмладок.

Младинската организација на СДС, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ ја надминаа шемата на Заев, едно евро за црквата едно за Вицето, па целата провизија од местењето тендери ги задржуваат само за себе, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова го потврдува последниот случај на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоевски – Богац, детето од СДММ, кој впрочем е несуден наследник на Заев на челната позиција на партијата, кој наместил тендер за чистење и за тоа зел една транша од 110.000 денари.

Овие пари биле една од многуте коишто Богоев требал да ги земе како мито за наместениот тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари.

Сивата еминенција на СДС, Џемо од Прилеп договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание врз Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти.

Џемо успеал во намерата и го кандисал Богоев, кој го овозможил овој 18 милионски тендер за чистење што го доби фирма блиска прилепскиот локален шериф.

Прашањето коешто треба да го одговори Богоев е, колку пари требал да добие како награда за завршената работа и дали е точно дека му биле ветени 10 проценти од тендерот, односно 1,8 милиони денари?

Дополнително, Богоев треба да одговори дали се точни информациите стигнати до нас, дека ова не бил последен наместен тендер во Царина под негово раководство?

Со ваквите криминални и корупциски случаи, децата на СДС си го покажаа вистинското криминално лице.

Подмладокот и иднина на Заев падна на првиот тест и со вакви корумпирани кадри СДС треба да се распушти, а не да води политики, која има за цел да ги распродава националните интереси“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top