Македонија

ВМРО ДПМНЕ до СДС: Македонија ниту ќе ви заборави, ниту ќе ви прости, поради пљачкањата, предавствата и уништувањето на институциите!

ВМРО ДПМНЕ за забеганото практикување на власта од страна на СДС и ДУИ во изминатиот период.

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за нивните обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, како и за обидите да го пренасочат вниманието на јавното мислење од нивните злодела, од нивното недемократско и забегано однесување на власт.“ – соопшти владејачката партија во своето денешно соопштение.

Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Тоа е власт, која додека крадеше и пљачкаше, правеше и предавства и ги уништуваше институциите, како што правеа и тие и ДУИ, ја држеше ВМРО ДПМНЕ како тогашната опозиција под набљудување и ја следеше врз измислени основи .

Одговорот на ВМРО-ДПМНЕ до СДС е: Ем шуто ем боде! Македонија памети и нема да ви заборави! Македонија нема да ви прости! – наведува владејачката партија во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top