Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е „кукла на конци, додека конците се во раце на Заев“

Појавувањето на Зоран Заев на гдишнината на СДСМ не остави никаква дилема, тој е врховниот лидер, додека Венко Филипче останува само формален претседател

„СДС не ја води претседателот на партијата Венко Филипче туку сенката од минатото Зоран Заев, кој ја контролира партијата. Доказ за тоа е појавувањето на Заев на роденденот на партијата што уште еднаш потврди дека тој е вистинскиот газда, а Филипче е само извршител.

Појавувањето на Заев не остави никаква дилема, тој е врховниот лидер на СДС додека Венко Филипче останува само формален претседател“ се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, како што велат од владејачката партија, е олицетворение на криминал, корупција и човек кој се пазари за се па дури и за државните и национални интереси, а Филипче е личност што слепо го следи и се воодушевува на неговиот ментор.

„СДС денес е јасен пример за партија без вистинско раководство и без сопствена насока. Наместо лидерство, гледаме извршување на туѓи насоки и одржување на старите структури на Заев.

Филипче може да тврди што сака, но реалноста е поинаква, СДС не ја води тој. Партијата е заробена во истите кругови што ја доведоа до пад на довербата кај граѓаните и членството од само 130 илјади гласа.

Додека граѓаните очекуваат одговорност, реформи и нов почеток, СДС продолжува со истите лица и истите политики„.

Од ВМРО–ДПМНЕ велат дека, СДС, денес е партија која не се реформира и обвновува туку напротив продолжува да тоне со деструктивните политики на Филипче.

„Се додека Филипче и СДС јасно не се дистанцираат од минатото, од Зоран Заев и од влијанијата што ја држат партијата во место, нема иднина за СДС.

Се додека СДС и Филипче не се откажат од Заев нема вистинска промена во СДС, напротив продолжување на статус кво кое ја носи партијата уште подлабоко на маргините“ се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

To top