Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко

Оди по стапките на неговиот ментор Заев кој што го демантираше Зоран

Политичката недоследност и дволичност на Филипче оди до таму што предлага „црвени линии“ за заштита од францускиот предлог за кој пред една година самиот го прогласи за дипломатска победа.

Самиот Филипче на 1 октомври 2024 година на прес конференција изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на нашата дипломатија, за денес само после 1 година да предлага наводно патриотски црвени линии против предлогот којшто го славеше, потсетуваат од МВРО-ДПМНЕ.

„Кога лаже Венко?

Кога славеше со Заев и тврдеше дека францускиот предлог е дипломатска победа или лаже денес кога нуди предлог резолуција со црвени линии која е всушност во интерес на источниот сосед?

Што се смени во меѓувреме, освен интересите на Филипче и неговиот ментор Заев?-прашуваат од владејачката партија.

Оттаму велат дека Филипче и СДСМ не се водени од државниот интерес туку од политички калкулации, личен бенефит и обид да се задржи Филипче на врвот на партијата

„Предлог резолуцијата со црвени линии на Филипче не е ништо друго освен дополнително поттчинување на Македонија со цел СДС да се испазари за да дојде на власт со надеж дека источниот сосед или некој од меѓународната заедница ќе им помогне. И обид во најмала рака Филипче да ја задржи фотелјата во СДС.

Филипче ќе направи се, само да дојде на власт, а со предлогот со црвени линии, дополнително би ја потчинил Република Македонија на ист начин како што тоа го направи Бујар Османи со францускиот предлог и анексите коишто ги прифати во корист на соседна Софија.

Граѓаните ја препознаваат шемата на СДС, шемата на Заев и Филипче со патриотизмот. Граѓаните знаат дека СДС во коалиција со ДУИ ја уназадија Македонија и ги подриваа позициите на земјата.

Затоа наместо Филипче да нуди предлог резолуции со црвени линии, по катастрофалниот пораз на овие избори нека спреми предлог за сериозни реформи во СДС.сдсм

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Филипче да го заврши предавството што го започнаа Заев и Бујар Османи. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на своите принципи, Македонија никогаш повеќе нема да биде понижена и уценувана, порачуваат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top