Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче одбива дијалог, заради градење политички консензус за државните интереси

„Венко Филипче не одбива само лидерска средба, Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси. Затоа што тема на лидерската средба, на која Филипче одбива да биде дел, ќе се разговара за реформските закони кои се дел од реформската агенда за ЕУ која има за цел унапредување на економскиот раст и стабилноста на државата.“ – реагира владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.

Натаму ВМРО ДПМНЕ соопшти: Иако, СДС и Филипче, од уста не ја вадат европската интеграција на Македонија, денес уште еднаш покажаа дека нив тоа не ги интересира, дека тоа им е пропаганда за гола политика. Венко Филипче покажа дека се добро во и за државата му смета. Му сметаат реформите во правосудството, во безбедноста, слободата на изразување како и напредокот на државата.

На денешниот, таканаречен, брифинг со новинарите Филипче потврди дека го интересира само неговата партиска фотелја во СДС која верно му ја чува на неговиот ментор и верен другар од лудите журки по Дубаи и Халкидики. Го разбираме зошто е против реформите во правосудството и обвинителство. Затоа што до коска е исплашен од чистењето на кадрите бирани од Бихаќка кои го штитат од одговорност за криминалот од 20% провизија за модуларните болници, кој во Тетово го зема данокот од 14 живи изгорени луѓе за само две минути.

За тендерите за набавка на јаглен за ЕСМ на фирма која на него му подарува луксузен џип Ауди, за вакцините во корона периодот кои сакаше да ги набави по цена дупло повисока од пазарната и тоа од компанија за тропско овошје и ред други.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top