Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот кој траел со години, сега е на пат да биде амнестиран благодарение на Заев и Филипче

Компанијата Марковски, блиска до Заев и Филипче, го олеснила буџетот на државата за 100 милиони денари

Компанијата Марковски, блиска до Заев и Филипче, го олеснила буџетот на државата за 100 милиони денари, а судот доделува куќен притвор на сопственикот, наместо ефективен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Марковски компани за кој велат дека сега е фатен на дело за местење на тендер, години наназад во соработка со Заев и Филипче, заработи над 200 милиони евра.

-Јавноста заслужува одговори, каде завршија милионите од тендерите? Дали Заев и Филипче ги вложија во бизниси во Бугарија или Дубаи? Или пак во јахти, авиокомпании и златни визи?

Криминалот кој со години го правеле Заев, Филипче и Марковски компани е на чекор од амнестија, благодарение на пулените на СДС во судството.

Но, одговорноста доаѓа. Нема да дозволиме судството на СДС и ДУИ да ги ослободува криминалците кои царуваат благодарение на нив. Време е криминалците наместо на улица, да бидат зад решетки, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот најавува консултации за избор на омбудсман – потребно е „бадентерово мнозинство“

Мицкоски најавува дека во периодот што следува ќе има средби со пратеници и пратенички групи со цел да се реши прашањето со изборот на народниот правобранител, за кој е потребно Бадентерово мнозинство

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

To top