Македонија

ВМРО ДПМНЕ: По Србија и Вучиќ на СДС сега им пречат Унгарија и Виктор Орбан, на кои Заев како премиер јавно им се заблагодаруваше!

„Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и Србија, сега си најдоа нова опсесија. Откако со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја, до степен човек да не може да ги разликува дали биле опозиција во Србија, или во Македонија, сега отидоа малку понасевер и се фатија со Унгарија.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: СДС на чело со Венко Филипче живее во некој паралелен, измислен, универзум, штом со ништо друго не се занимаваат освен со теории на заговор, дека сѐ е против нив, небаре се центар на светот. Ваквите состојби кај луѓето бараат професионален третман од стручни медицински лица, за што се надеваме дека ќе се обратат кај лекари и побрзо ќе ја надминат ситуацијата. Или пак, ваквата нивна илузија е нивен свесен чекор, за да избегаат од реалните проблеми и состојби во самата СДС, само и само да не му се загрози претседателското столче на Филипче, за што има се погласни повици да си замине од партијата, која ја имаат заробено со кланот Дубаи.

Кога сме кај кланот Дубаи и Зоран Заев, ги прашуваме СДС добри ли му беа Виктор Орбан и Унгарија за време на седумгодишното владеење кога реализираа бројни средби во Македонија и Унгарија со високи делегации, кога лично Заев изразуваше голема благодарност кон унгарската Влада за соработка и помошта која му ја даваа на нашата држава. Наместо да лутаат како безидејни, што и се, им препорачуваме што побрзо да си погледнат во сопствениот двор и да се зафатат со решавање на внатрешните проблеми, зошто никој на СДС и Венко Филипче не им е крив за проблемите во партија, освен тие самите кои не слушаат никого, ни членство, ни поддржувачи, туку си тераат по свое.

Дополнително прашуваме: каде во свет лице фатено на дело да шмрка кокаин, дели лекции за морал? – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top