Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на маки за кандидат за градоначалник на Скопје.

Не можат да најдат кандидат за градоначaлник на главниот град, одбиле и архитектот Ралев и адвокат близок до партијата

Според информации кои кружат во јавноста, во СДС никој не прифаќа кандидатура за градоначалник на Скопје. Сеуште не можат да најдат личност која би ја прифатила улогата за кандидат за градоначалник, а би доживеала тежок пораз во Скопје уште во првиот круг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС не е фокусирана на програма или визија, напротив само бараат кандидат подготвен да се соочи со изборен неуспех.

СДС да не губат премногу време во барање на кандидат за градоначалник кој ќе доживее дебакл, наместо тоа да се консолидираат и бидат конструктивна опозиција.

Граѓаните на есен јасно ќе го изразат незадоволството од досегашните политики на СДС и ќе доживеат огромен пораз насекаде низ државата, се вели во соопштение од партијата.

ТВ24: Ралев извиси, Шукова веројатен кандидат на СДСМ за Скопје

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top