Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто молк од Филипче за бугарскиот скандал кој ја наруши безбедноста на семејството на Мицкоски

Дали лидерот на СДСМ молчи поради неговата блискост со неговите бугарски соработници?

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота што ја наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се појави документ со дипломатски материјали и чувствителна содржина, кој се занимава со безбедносни аспекти поврзани со државниот врв, а немаше никаква реакција од Филипче и опозицијата. Филипче избра молчење наместо јасна осуда и барање одговорност. Политичките соработници на Филипче, бугарските власти предводени од Румен Радев, кои ни го негираат нашиот македонски идентитет, јазик, историја и култура, поставија дипломатски преседан со објавување дипломатска нота што директно ја нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски“, се вели во соопштението на владејачката партија.

Тие велат дека документот, за кој сè уште нема извинување од официјална Софија и кој беше објавен на социјалната мрежа „Фејсбук“, јасно покажува детали за информации за службени возила, имиња на патници, локација на семејството на премиерот Мицкоски, како и радиофреквенцијата на која комуницирале обезбедувачите.

„И наместо осуда, Филипче и СДС молчат, што покренува сериозни прашања за нивната политичка стабилност и приоритети. Дали Филипче молчи поради неговата блискост со неговите бугарски соработници? И покрај ваквите постапки, кои се дел од поширокиот политички притисок врз Македонија, земјата ќе продолжи по патот на европската интеграција и покрај надворешните притисоци и предизвици“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Зошто Бугарија ја загрозува безбедноста на семејството на премиерот Мицкоски?

Најнови вести од: Македонија

МНР: Навредливи се и провокативни изјавите на Демерџиев и Радуков за Михајлова – тоа е директно мешање во внатрешните работи на македонската држава!

На средбата, како што соопшти МНР на Република Македонија, било изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

„Сведоци сме дека сите војни почнуваат со тргување на историите и митовите, а потоа почнуваат одземањата на личните приказни, веднаш штом ќе се исцртаат новите поствоени граници. Моите предци одлучиле да им биде одземен домот наместо личните приказни и така ме задолжија да се сеќавам без да мразам, да пишувам без да верувам во изделканите истории. Затоа што постојат личните приказни прераскажани од гласовите што не се составени од коски, туку од вистини кои не можат да се кремираат или да се изложат пред црвите на времето“, вели најуспешниот современ македонски поет, чија поезија стана препознатлив дел од модерната светска поетска сцена, без да мора читателот прво да знае многу за Македонија.

Дете (13) тепано брутално од 15 малолетници на плоштадот во скопско Влае и со метален предмет – скршени му се забите и нанесени сериозни повреди

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група малолетници во скопската населба Влае, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Според сведоштва, во тепањето бил употребен и метален предмет. Нападот се случил во саботата, на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот. Според информациите што се […]

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

Најнови вести

To top