Македонија

Во план е проширување на мрежата на ‘Топлификација’ во Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави средби со надлежни и стручни лица оваа недела на кои ќе се разговара за ова прашање

Во синоќешното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски рече дека е во фаза разраборување план што треба да ја зголеми мрежата на „Топлификација“ во Скопје.

Ѓорѓиевски не соопшти повеќе детали како тоа ќе биде реализирано, но најави средби со надлежни и стручни лица оваа недела на кои ќе се разговара за ова прашање, а рече оти очекува и поддршка од граѓаните за решавање на проблемот со загадувањето.

„(Решавањето) на тој проблем зависи од сите нас. Во фаза сме на разработување во наредниот период на сеопфатна мрежа којашто ќе ја зголеми мрежата на ‘Топлификација’ во главниот град. Тоа ќе влијае на она што како загадување доаѓа од домаќинствата и треба да сме темелни во таа работа“, рече Горѓиевски.

Повикувајќи се на физибилити студии, Ѓорѓиевски рече дека сите тие покажуваат дека над 80 проценти од загадувањето во главниот град се должи на начинот на загревање на домаќинствата. Но, тоа, како што додаде, не значи дека треба да донесат решенија што ќе предизвикаат потешкотии на домаќинствата.

„Ние како власти треба да најдеме алтернатива како полесно да се изведе целиот процес, односно да влијаеме на заштита на животната средина“, рече градоначалникот.

Во таа насока, тој најави дека оваа недела ќе има состанок со директорот на „Топлификација“ и со стручни лица на која ќе се разговара на оваа тема. Рече дека имаат и надворешни експерти, кои треба да помогнат во процесот на проширување на мрежата од системот за централно греење.

„Ние имаме делови од центарот на градот, од Кисела Вода, од Карпош коишто не се опфатени“,

Тоа, како што кажа градоначалникот ќе биде еден сегмент во решавањето на проблемот со загадувањето во главниот град.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Во притвор оди битолчанецот (31), уапсен оти од април 2024 до април 2026 набавувал и поседувал материјали со детска порнографија!

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Повторно во функција обвинителот Цветаноски, суспендиран поради милионските бонуси во СЈО: Новата комисија многу посериозно да ги земе предвид моите наводи!

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија поради утврдени пропусти во постапувањето на дисциплинска комисија. Истовремено, Советот одлучи дисциплинскиот предмет против него да се врати на повторно разгледување. Јован Цветановски беше ангажиран на предметот за бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Цветановски беше суспендиран и тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе „незаконска одлука“ за бонусите. Тој изјави дека врз него се вршени притисоци од други обвинители и дека суспензијата е дел од политички мотивирана хајка.

ВМРО-ДПМНЕ: Нека не глуми жртва Ристоска, играчот и пиун на СДС, која беспоговорно реализираше агенди на Заев и други чинители!

„Ѝ порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон сега веќе поранешната обвинителска Ленче Ристоска, која поднесе оставка на оваа функција.

To top