Македонија

Во Скопје комеморативен ден за шесте милиони Евреи убиени во холокаустот – Јом Хашоа

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска го одбележаa Јом Хашоа – комеморативен ден на холокаустот, во знак на сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година, кој е и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска го одбележаa Јом Хашоа – комеморативен ден на холокаустот, во знак на сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година, кој е и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.

Претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви рече дека денешниот ден – 14 април според еврејскиот календар е посветен на тишината која зборува погласно од сите зборови и Израел и целиот свет се поклонуваат пред споменикот на шест милиони Евреи – жртви на нацизмот и неговите фашистички соработници.

-Овој ден не е само симбол на страдање, туку и на нескршливиот човечки дух, рече Леви додавајќи дека денес и ние и Македонија, како и целиот прогресивен свет се сеќаваме и не ги забораваме, не само шест милиони Евреи убиени во нацистичките логори ширум Европа, туку и на нашите Македонци 7.144 Евреи кои од овде од Македонија беа депортирани и есктремирани во Треблинка.

Овде во срцето на некогашното маало во Скопје, изградивме Меморијален центар како симбол на правда и вечното сеќавање, а преку процесот на денационализација покажавме дека Македонија ги почитува највисоките цивилизациски вредности. Со тоа, додаде Леви, Македонија испрати јасна порака дека е и ќе биде дел од антисемитизмот и секоја порака на омраза.

-Од своето отворање во 2011 година, овој центар е тврдина, против дискриминација, омразата и верската нетрпеливост. За жал, денешната слика во светот ни покажува дека лекциите од Втората светка војна не се целосно совладани. Од Украина до Блискиот исток сведоци сме на нови трагедии, уништени детски животи и илјадници раселени лица. Додека им оддаваме почит на шест милиони  Евреи, убиени од нацистичкиот режим, свесни сме дека историјата повторно не става на испит, рече Леви.

Зборувајќи за обидот непознати лица да ја запалат еврејската синанога во Скопје пред два дена, Леви рече дека такво нешто што не се случило во поновата историја на Македонија од времето на нацистичката Германија оценувајќи го како нешто што претставува кулминација на омразата, верската нетрпеливост и антисемитизмот.

– Кулминација на желба да се уништи еден народ само затоа што сме Евреи. Идеите за уништување на други народи мора да се сузбијат и веднаш штом ќе се појават не смееме да дозволиме демократијата да биде параван за ширење нетрпеливост која не води кон судири од катастрофални размери, рече претседателот на Еврејската заедница.

Вршителкaта на должност американска амбасадорка во земјава Никол Варнс во своето обраќање рече дека нападот на еврејската синагога во Скопје треба најсилно да се осуди, оценувајќи го како акт на антисемитизам, за кој не може да толеранција, молк или оправдување.

– Ваквите напади не се само напади на еврејската заедница, туку и на вредностите и дигнитетот, соживотот и почитувањето во нашето општество, рече Варнс додавајќи дека оние што се одговорни за овој чин ќе бидат фатени.

Обврзани сме, рече в.д. американска амбасадорка да го одбележиме овој ден на кој се сеќаваме на шесте милиони жени, мажи и деца умиени за време на Холокаустот и да им одадеме чест на преживеаните, вклучувајќи ја и Северна Македонија, каде пред Втората светска војна живееја повеќе од 7000 Евреи.

На настанот присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која ги запали шесте свеќи во спомен на шесте милиони Евреи загинати во Втората светска војна.

Ќе биде прикажан филмот „Спасување“ и ќе биде отворена изложба на детски цртежи „Холокаустот низ призмата на детските очи“, со прогласување на најдобрите цртежи и врачување награди.

Беше прикажан филмот „Спасување“ и беше отворена изложба на детски цртежи „Холокаустот низ призмата на детските очи“, со прогласување на најдобрите цртежи и врачување награди. ев/дма/

ФОТО/ВИДЕо: МИА 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top