Македонија

Воената академија се дистанцира од контроверзните лични ставови на Петар Богојески и ќе ги разгледува, можни се мерки против него!

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје официјално одговори на иницијативата поднесена од уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, во врска со јавните настапи и контроверзните ставови на доц. д-р Петар Богојески. Од институцијата потврдуваат дека доставените иницијативи и материјали ќе бидат упатени на разгледување до надлежните тела, кои ќе утврдуваат дали постојат повреди на професионалните и етичките обврски. Ова го објави порталот „Лидер“.

Во одговорот испратен до уредникот на Радио Лидер, Воената академија нагласува дека академската слобода и слободата на изразување не ја исклучуваат професионалната и етичката одговорност на вработените.

-Во таа насока, доставените иницијативи и материјали ќе бидат упатени на разгледување до надлежните тела на Академијата, со цел утврдување на релевантните факти и оценување на евентуалното постоење повреди на професионалните и етичките обврски“, се наведува во официјалниот одговор.

Можни се формално оградување и постапка пред надлежниот работодавец
Особено значаен дел од одговорот е појаснувањето дека Етичкиот кодекс на Воената академија предвидува механизми за институционално постапување во вакви ситуации.

-Согласно Етичкиот кодекс, предвидени се можности за укажување, формално оградување од јавни ставови и иницирање соодветна постапка пред надлежниот работодавец, доколку за тоа постои правна основа“, посочуваат од Академијата.

Сепак, од институцијата нагласуваат дека секоја евентуална мерка ќе мора да се темели на утврдени факти, непристрасна постапка и почитување на правата на засегнатите лица.

Воедно, Воената академија јасно се дистанцира од личните политички и идеолошки ставови на своите вработени.

-Академијата јасно нагласува дека јавните настапи и ставови на нејзините вработени, изнесени во лично својство, не претставуваат официјални позиции на институцијата, доколку лицето не е овластено да настапува во нејзино име. Воената академија не се поистоветува со личните политички, идеолошки или други ставови на своите вработени“, се вели во одговорот.

Воената академија гарантира дека иницијативата нема да остане без институционално разгледување
Во писмото до Златев, Академијата уверува дека доставените иницијативи нема да бидат игнорирани и дека јавноста ќе добие информации за исходот од институционалното постапување.

-Воената академија ја уверува јавноста дека доставените иницијативи нема да останат без институционално разгледување и дека, по завршувањето на постапувањето, јавноста ќе биде информирана за донесените заклучоци и преземените мерки, во рамките на законските можности“, стои во одговорот.

Од институцијата дополнително нагласуваат дека заштитата на нејзиниот углед, довербата на јавноста и достоинството на академската и воената професија претставуваат трајни институционални обврски.

Иницијативата на уредникот на Радио Лидер следува по јавните настапи на Петар Богојески, кои предизвикаа реакции во јавноста, особено по неговото гостување во емисијата „Под лупа“ на ТВ Алфа.

Претходно, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) официјално ги осуди неговите ставови, оценувајќи дека со нив се релативизира и оправдува насилството врз жените и децата, се промовира нивната подредена положба и се прави обид таквите сфаќања да се претстават како традиционални вредности.

Од АВМУ порачаа дека ваквите пораки се неприфатливи и спротивни на основните принципи на човековите права, еднаквоста и човечкото достоинство.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија 15 години не е во ЕУ, поради вештачки барања на нејзина членка! Членство во ЕУ не значи промена на идентитет!

Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот “Отпорност како императив за севкупното општество” истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања, напиша премиерот Христијан Мицоски на социјалните мрежи.

Цветанова: Негирањето на македонската национална и јазична посебност е облик на политички говор на омраза

„Облик на политички говор на омраза се негирачките ставови кон македонската национална и јазична посебност, кога се ставени во контекст на македонско-бугарските односи и македонската евроинтеграција.“ – ова е нагласено пред почетокот на научниот собир „Негирањето на политичката легитимност на македонската нација и посебноста на македонскиот јазик како форма на политички говор на омраза” во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ и Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ.

ЕФА: Се засилуваат притисоците и заплашувањето на македонското и турското малцинство во Грција

Особено загрижувачки се случаите на попречување на културните манифестации на Македонците, особено во Леринскиот регион. Според ЕФА, грчките власти интервенирале на локални фестивали на кои се пеело и играло на македонски јазик, користејќи инспекциски контроли, пријави за бучава и предвремено прекинување на настаните

Богојески: Останувам на изјавата за машка контрола на жената (ВИДЕО)

Овој пат удри и по мажите: „Вие мажите што ме напаѓате, што мажи сте? Вас ви одговара да ги пуштате ќерките полуголи пред Силбо и жените што неможете да ги соберете од кафани“, вели тој во видеообраќањето

ВРЕДИ: Излегувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами од притвор е скандал без преседан

„Како политички субјект на власт, ќе ги искористиме сите институционални механизми за да ја откриеме вистината зад овој скандал и да ги увериме граѓаните дека правдата и државата нема да бидат предмет на исмевање“, велат од ВРЕДИ

To top