Четворица мажи биле избодени денеска попладне во Лондон, по што полицијата уапсила седум лица. Нападот се случил на улицата Бромли Хај Стрит, во југоисточниот дел на британската престолнина.
Сите четворица повредени биле пренесени во болница. Еден од нив е во критична состојба, објавува „Телеграф“.
Според сведоци, инцидентот се случил во ресторанот „КФЦ“ на главната улица, каде што по нападот имало голема количина крв. Полицијата разговара со вработените, додека идентитетот на повредените засега не е познат.
На нападот му претходеле пријави за група луѓе вооружени со мачети. Еден од сведоците тврди дека напаѓачите користеле мачета.
Возач на автобус, кој пристигнал неколку минути по инцидентот, изјавил дека според информациите што ги слушнал, било употребено таканаречено „зомби-нож“ – големо оружје со долго сечило.
🚨💂 #BREAKING: 4 stabbed by ‘MACHETE-wielding gang’ running through London’s Bromley High Street
7 men arrested — 1 of wounded in critical condition.
#London https://t.co/e13CLZphw1
— Newslive 24×7 🅧︎ (@kanpurtak) September 10, 2026
„Сè се случило во КФЦ. Полицијата ги испрашува луѓето откако пристигнав, а јас сум тука веќе два часа. Некој од продавницата „Ти-Кеј Макс“ рекол дека станувало збор за „зомби-нож“. Се зборува дека сцената била страшна и дека имало многу крв“, изјавил анонимниот возач.
Обезбедувач од блиска продавница раскажал дека видел група млади луѓе со мачета.
„Се вратив од пауза и видов голем број полициски возила. Го оградија подрачјето и ги блокираа сите пристапи кон северниот дел на Бромли“, изјавил тој.
Полицијата ја продолжува истрагата. Околностите и можниот мотив засега не се познати.